Се санираат вандалски оштетените игралишта во Аеродром

„Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери.

 

Сите случаи се пријавени во полиција“, информираат од општина Аеродром.

 
Екипи на Општина Аеродром утринава веднаш почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандали. Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче во непосредна близина на крстот, а оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин, како и други украси на повеќе локации.


© Скопски портал. Сите права се заштитени.