На Токсикологија заврши 14-годишно дете, тројца примени на Хирургија поради повреди од петарди

 

Оттаму соопштија дека сите пациенти се пуштени дома. Оваа година на клиниката нема граѓани примени поради предозирање со дрога.

 

„Во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија се прегледани вкупно 29 акутно алхохолни токсикации, од кои, најмладиот пациент има 14 години. Највозрасниот има 63 години, а за среќа немаме предозирани со психотропни супстанци, исто така, немаме случаи на кома. Сите пациенти по неколку часа третман на клиниката се пуштени дома“, вели доктор Ирена Јуруков.

 

Три лица повредени од пиротехнички направи се примени во Хируршкиот центар, вели доктор Алберт Леши, додавајќи дека прегледале 105 пациенти.

 

„Во Хируршки центар беа примени 13 лица, 6 повредени од сообраќајни незгоди, тројца се повредени од пиротехнички направи. Еден пациент е префрлен од болницата „8-ми септември“, со повреди од остар предмет.

 

Во споредба со претходните години, бројот на пациенти е намален. Граѓаните наредните денови да внимаваат со внес на храна и да не возат во алхохолизирана состојба“, рече Алберт Леши.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.