Заврши реконструкцијата на улица 34 во Радишани

Заврши реконструкцијата на улицата 34 во населбата Радишани во Општина Бутел, информираат од општината.

Изминатиов период улицата се реконструираше во должина од 180 метри и ширина од 3 метри. Увид во направеното денеска изврши градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

 

 

Сигурно, одговорно и со многу ентузијазам продолжуваме да ги решаваме инфраструктурните проблеми на граѓаните од сите населени места во општината, изјави во оваа прилика градоначалникот Смилевски.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.