Се реконструира улицата Македонско-косовска бригада во Чаир (ВИДЕО)

На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција  на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација.

 

- Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак., со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструира. Ги замолувам граѓаните за трпение и да ги почитуваат сообраќајните знаци. Исто така, ги замолувам граѓаните да ги користат алтернативните влезови на Скопје, преку обиколница поради градежните работи на булеварот Александар Македонски. Од друга страна пак големо е задоволството на граѓаните дека во градот се реконструираат улици и се отвораат нови коридори, а квалитетот на изведба ќе го подобри урбаното живеење во Скопје – рече денеска Градоначалникот Шилегов.

 

 

За реализација на реконструкцијата на Македонско-косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 4 месеци.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.